Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ ја претстави новата „10-ка“ во првиот тим по заминувањето на Нејмар (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

ПСЖ пред два дена комплетираше рекродна продажба откако му дозволо на Нејмар да потпише за Ал Хилал, фудбалер кој пред шест години го чинеше клубот 222 милиони евра, а си замина во Саудиска Арабија за 100.

Бразилската суперѕвезда беше испратена како легенда од „Паркот на принцовите“ и претседателот Ал Келаифи не штедеше пофалби за Нејмар, но клубот многу брзо најде и негова замена.

Нова „десетка“ во првиот тим на ПСЖ ќе биде ѕвездата која беше ангажирана неколку дена пред заминувањето на Неј, а тоа е франуцскиот фудбалер Усман Дембеле.

Довчерашната ѕвезда на Барселоан беше промовиран во Париз со бројот 23 на својот грб, но откако сплетот на околности направи „десетката“ да биде слободна, тој побара дозвола да ја носи на својот грб.

Клубот без размислување му дозволи да направи брза промена, па со бројот на својот грб ќе има уште поголема одговорност на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни