Поврзете се со нас

Македонија

Проблеми за шампионот: МЗТ остана без Крстевски на подолг период

Објавено

на

МЗТ Скопје во наредниов период нема да може да смета на услугите на македонскиот репрезентативец Бојан Крстевски и тоа поради проблеми со десната рака.

Тој се повреди против ТФТ на турнирот во АБА2 лигата поради што ги пропушти преостанатите две средби на балонот во БиХ, а потоа и соочувањата со Вардар и Академија ФМП во домашниот шампионат.

Центарот ќе биде во аут три до четири недели што значи ќе биде недостапен за тренерот Васко Атанасов како за четвртфиналните соочувања со Гостивар во првенството така и битките со Широки Бријег во регионалното натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни