Поврзете се со нас

АТП

Прижмиќ: Многу ми значат зборовите на Ѓоковиќ, добив преку 10.000 пораки…

Објавено

на

foto:twitter.com/rolandgarros

Тинејџерот Дино Прижмиќ се прикажа во навистина одлично светло во пресметката со првиот светки рекет Новак Ѓоковиќ кој мораше да мине дури четири часа на централниот терен во Мелбурн за да обезбеди пласман во второто коло на Аустралијан Опен.

Хрватот иако има 18 години навистина покажа зрела игра и во ниту еден момент не се откажа, наведна глава, па иако загуби со 3-1 во сетови (6-2, 6-7(5), 6-3, 6-4) дефинитивно доби многу за во иднина.

Тежок почеток за првиот фаворит на омилениот турнир: Ѓоковиќ се мачеше четири часа во првото коло на АО

-Се гордеам со себе. Ова беше мојот прв главен ждреб на грен слем. Сакав само да уживам, по прв пат играв против најдобиот на светот. Сакам да учам од Новак. Добив толку многу комплименти. Го ценам тоа. Новак е најдобар на сите времиња, неговите зборови многу ми значат.

-Ова секако е најдобриот настап што досега сум го имал. Се надевам дека ќе продолжам да се подобрувам во многу работи. Сакам да играм најдобро што можам и дека секој ден ќе бидам уште подобар. За мене е многу важно што сфатив дека деновите минуваат многу брзо. Како вчера да го освоив јуниорскиот Ролан Гарос.

-Денеска решив да се обидам да дадам се од себе и само да видам како мојот тенис се споредува со неговиот и да се обидам да го натерам да страда. Ама еве како што дознав, тој нема изгубено сет од 2020 година. Му посакувам многу среќа и победа.Во моментов имам над 10 илјади пораки. Не сум контактирал со никого, планирам да одговорам на сите во наредните денови, -порача Хрватот кој преку квалификациите дојде до главната фаза во Мелбурн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни