Поврзете се со нас

АТП

Тежок почеток за првиот фаворит на омилениот турнир: Ѓоковиќ се мачеше четири часа во првото коло на АО

Објавено

на

foto:twitter.com/RelevantTennis

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ со тешка победа издвоедна по четири часа игра ја започна одбраната на титулата на неговиот омилен грен слем Аустралијан Опен.

Збунетиот Прижмиќ се загуби во тунелот, Ѓоковиќ му го покажа патот кон теренот (Видео)

Ѓоковиќ беше апсолутен фаворит во пресметката со талентираниот хрватски тенисер Дино Прижмиќ, меч кој го започна во таков стил и првиот сет го доби со 6-2. Меѓутоа веќе во втората „рунда“ тинејџерот се опушти заигра подобро и Новак се соочи со доста проблеми, па се одлучуваше во тај-брејкот во кој Дино беше подобар со 7-5 и со тоа дополнително ја зголеми самодовербата.

Неизвесно беше и во третиот сет, Србинот и Хрватот си ги одземаа сервисите, ама квалитетот и искуството на Новак беше пресудно за 6-3 и водство од 2-1 во сетови.

Во четвртинот првиот носител дојде до 4-0 во гејмови и кога сите помислија дека се е готови, Хрватот покажа сила, карактер и дојде до 4-3. Потоа немаше повеќе брејкови, беше интересно, занимливо за секоја топка за конечни 6-4 и пласман на Србинот во второто коло.

Ова за Ноле беше 90. триумф на АО со што стана прв тенисер во Опен ерата со 90+ победи на три грен слем турнири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни