Поврзете се со нас

Италија

Постигнат е договор: Милан добива засилување од Барселона!

Објавено

на

Италијанскиот шампион Милан ќе добие уште едно ново име во самата завршница на летниот преоден рок, засилување од Шпанија од редовите на Барселона.

Имено „росонерите“ успеале да се разберат со каталонците и да си подадат рака за ангажман на 21-годишниот Сержињо Дест. Американецот не е во плановите на Чави Ернандес и оваа ситуација ја искористи Милан да го привлече на едногодишна позајмица по која ќе има можност да го откупи за сума од околу 20 милиони евра.

Ако клубот од Милано се реши пак да го задржи тогаш тој ќе стави потпис на соработката до 2027 година.

Сержињо е десен бек кој може да игра и многу поофанзивно како крило, во досегашната кариера освен за Барса има настапувано за Ајакс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни