Поврзете се со нас

Англија

Полицијата го уапсила Гринвуд поради прекршување на судските мерки

Објавено

на

Мејсон Гринвуд бил уапсен поради прекршување на мерките кои ги определи судот кога му овозможи да се брани од слобода.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед е обвинет за силување и физички напад на поранешната партнерка, а „Сан“ тврди дека добил посета од полицијата затоа што ја прекршил забраната за контакт со жртвата која првично го пријави во полиција.

Полицијата во Манчестер потврдила дека го привела Гринвуд поради сомневање за прекршување на забраните кои му ги одредил судот.

Откако беше ослободен со кауција да се брани од слобода, Гринвуд се повлече целосно од јавноста, додека Манчестер Јунајтед се огради од неговите постапки, привремено го суспендираше и ќе ја очекува судската завршница на случајот.

Истовремено, тој си добива неделна плата од 75.000 фунти од клубот кој не може да му го раскине договорот, додека не биде потврдено неговото прекршување на законите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни