Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Покетино за проблемот на Анчелоти: Ако не игра, тоа ќе биде голема загуба за Реал

Објавено

на

Маурисио Покетино денеска одржа прес-конференција во пресрет на дуелот со Рен, но повеќе зборуваше за Реал Мадрид и фамозната осминафинална пресметка која се игра наредната седмица.

Аргентинскиот стручњак повеќе од веројатно нема да може да смета на Андер Ерера и Серхио Рамос и денеска не откри детали за нив, но затоа му даде шанса на Нејмар кој се верува дека ќе стигне навреме за првата пресметка со Реал во најелитното натпреварување.

Со сличен проблем во нападот се соочува и Карло Анчелоти, бидејќи вистинска непозната е дали Карим Бензема ќе биде оспособен за настап против „светците“.

– Карим Бензема е фантастичен играч и го прикажува својот потенцијал во Реал со години наназад. Станува збор за извонреден напаѓач, ако не игра, тоа ќе биде голема загуба за Реал. Нема да кажам дека тоа ќе биде корисно за нас, но во анализата на Реал, секогаш се гледа дали ќе игра Бензема, или не, – изјави Покетино.

– Нејмар? Тој нема да игра утре против Рен, ќе видиме дали ќе игра против Реал Мадрид. Идејата е да ни стои на располагање и да биде подготвен. Сите големи играчи ги чекаат големите натпревари. Тој и во минатото бил повреден и доаѓал на важни натпревари, па има доволно искуство за да ја пренасочи енергијата во вистински правец, – додава Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни