Поврзете се со нас

Светски првенства

Почетни состави: Меси е стартер во 1000. натпревар во кариерата, играч на Севилја го менува Ди Марија (ФОТО)

Објавено

на

Од 20 часот се игра второто осминафинале на шампионатот во Катар во кое силите ќе ги одмерат Аргентина и Австралија.

„Гаучсоите“ важат за фаворитите на хартија, ама ќе мора тоа да го одработат на терен каде ќе тргнат со формација 4-3-3. Капитенот Меси е стартер во 1000. натпревар во кариерата, а најголема промена е неиграњето на Анхел Ди Марија кој е заменет со искуснииот Папу Гомез.

Ди Марија има одреден проблем, повреда и прашање е дали воопшто ќе заигра вечерва иако според официјалниот записник е на клупата за резерви.

Популарните „сокероси“ ќе започнат со формација 4-4-2 во која најистурени, најопасни треба да бидат Дјук и МекГри.

Победникот од овој дуел ќе игра против Холандија во четвртфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни