Поврзете се со нас

Репрезентација

Победнички старт на кадетите на ЕП во Скопје

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години имаше успешен старт на Европското првенство А-дивизија кое се игра во Скопје.

Избраниците на Александар Јованчев се изборија за триумф над селекцијата на Белгија од 63:57. Се играше цврсто, борбено низ сите 40 минути, а како пресудна се покажа последната четвртина која ние ја добивме со 17-10.

Четворица наши репрезентативци беа двоцифрени, најефикасен беше Ивановски со 16 поени, Ивановски и Јаничиќ уфрлија по 13, додека стрелец на 10 кошеви беше Петровиќ

Нареден ривал ќе ни биде Франција која е е во кругот на топ-фаворити за највисок пласман на шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни