Поврзете се со нас

Балкан

Плејмејкерот се враќа дома: Теодосиќ ќе ја организира играта на Црвена Звезда

Објавено

на

Еден од најдобрие европски плејмејкери во последните 15 години, Милош Теодосиќ е на добар пат да се врати во својата татковина и да потпише за Црвена Звезда.

Голем дел од медиумите кај нашиот северен сосед пренесуваат дека Милош и Звезда успеале да пронајдат заеднички јазик за соработка или поточно остануваат само уште некои ситни детали и официјално да се затвори зделката, а потоа и соопшти на јавноста.

Наводно се работи за едногодишен договор со можност за соработка за уште една дополнителна сезона. Со ова ветеранот станува второ засилување за „црвено-белите“ по Дејан Давидовац кој се врати во старото јато по епизодата во ЦСКА Москва.

Милош во последниве години играше за Виртус Болоња, претходно се испроба и во НБА лигата каде го носеше дресот на ЛА Клиперс, а во досегапната кариера има настапувано уште за Олимпијакос, ЦСКА, ФМП и Борац Чачак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни