Поврзете се со нас

Лига Европа

Пиоли посочи што треба да поправи Милан: Мораме…

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан го загуби реваншот со Рен (3-2), но триумфот од првиот меч (3-0) беше доволен за калчолигашот да се пласира во осминафиналето на Лига Европа.

„Росонерите“ имаа доста проблеми на дуелот во Франција, одново покажаа слабости иако двапати се враќаа во натпреварот и го израмнуваа резултатот. На крајот и покрај поразот, целта беше остварена со тоа што тренерот Стефано Пиоли беше искрен и посочи дека мора да корегираат некои работи.

-Сите ќе имаме свое мислење, но се пласиравме во наредната рунда. Пласманот во следната рунда се чинеше лесен во првиот натпревар, тоа не беше лесна работа, но имаме уште многу ситуации за оценување.

-Оваа средба потврди дека дека имаме многу потенцијал за напредок, ама мораме да им дозволиме помалку шанси на противниците, -порача Пиоли кој не е загрижен и покрај тоа што Милан ги загуби последните два натпревари.

-Натпреварот во Монца не помина најдобро, но мораме да размислуваме за иднината и да се фокусираме на нашиот следен натпревар, -заклучи стратегот.

Следниот предизвик за составот од Милано е соочувањето со Аталанта, тим кој „лета“ во овие два месеци во 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни