Поврзете се со нас

Лига Европа

Пиоли: Милан може да ја освои ЛЕ, но прво треба да се пласираме во четвртфиналето

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан е домаќин на Славија Прага во првата средба од осминафиналето на Лига Европа.

Првото соочување е закажано за вечерва од 21 часот на „Сан Сиро“, дуел пред кој тренерот Стефано Пиоли искажа максимална почит кон чешкиот претставник.

-Историјата не игра. Мора да се потпреме на нашите сили, на средината и на нашиот квалитет. Славија е екипа која игра со интензитет. Трчаат многу и го прават тоа мудро. Играат вертикално, нивните тројца напаѓачи остануваат блиску еден до друг. Тие се брзи и моќни. Имаат добар квалитет и тренерот им е многу добар. Тој ротира пет или шест играчи на секој натпревар, одржувајќи високо ниво. Мора да се соочиме со нив со почит, истакна Пиоли кој сака Милан да оди чекор по чекор во натпреварувањето.

-Можеме ја ја освоиме Лига Европа, но прво мора да се пласираме во четврт-финалето. Не е во ред да се гледа премногу напред. Секој противник е тежок во Европа. Ќе се сретнеме со тим кој загуби  само еднаш во групната фаза и мора да го искористиме максимумот од играњето на домашен терен. Мора да одиме чекор по чекор. Се чувствуваме добро и мора да бидеме убедени дека можеме да одиме до крај.

-Моите играчи покажаа дека направиле огромни чекори во споредба со пред четири години. Се подобривме, -заклучи стратегот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни