Поврзете се со нас

Италија

Пиоли: Има два тима подобри од Милан и пет кандидати за титулата во Серија А

Објавено

на

Стефано Пиоли се израдува на голема дерби победа против Интер изминатиот викенд, по која реши да направи нова анализа на случувањата во Серија А, земајќи ги во предвид и активностите на трансфер пазарот.

Милан е на делба на второто место со Наполи и има само еден бод помалку од Интер кој треба да доигра заостанат натпревар, но Пиоли потенцира дека не смеат да се отпишат Аталанта и Јувентус, особено не тимот од Торино кој сериозно се засили со Душан Влаховиќ.

Искусниот тренер на „росонерите“ смета дека Интер и Јувентус имаат најдобри тимови во Серија А, но додава дека неговиот состав ќе се бори до самиот крај за да стигне до посакуваниот трофеј.

– Сите пет први тима на табелата се во борба за се. Во борба за титулата и за местата во Лигата на шампионите. Интер, Наполи, Милан, Јувентус и Аталанта. Нормално дека се грижам за сите ривали, но сметам дека Интер и Јувентус имаат најсилни тимови во Серија А.

– Милан треба да докаже дека прераснува во зрел тим, победата во дербито мора да ни даде ентузијазам и верба. Континуитетот е најважен за да останете на врвот, а ние се обидуваме да го направиме тоа со позитивен и атрактивен напаѓачки фудбал, – вели Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни