Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Перишиќ му се закани на Милан: Реваншот во Лондон ќе биде сосема поинаков меч

Објавено

на

foto:twitter.com/HNS_CFF

Започна осминафиналната рунда во Лигата на шампионите, а еден од мечевите кој беше одигран беше оној меѓу Милан и Тотенхем кој заврши со триумф на италијанскиот првак со 1-0 со голот на Брахим Дијаз во првото полувреме.

Со ова славје „црвено-црните“ направија исчекор кон пласман во четвртфиналето со тоа што ќе мора да се избори за тоа на теренот на премиерлигашот кој уште од сега најавува целосна офанзива.

-Знаевме дека ќе биде тежок меч, пред 80.000 луѓе. Милан беше добар, но вториот натпревар во Лондон ќе биде сосема поинаков. Не ја покажавме нашата вредност, ни недостасуваше нешто во последната третина, -истакна искусниот Иван Перишиќ кој имаше што да каже и за менаџерот Антонио Конте кој во изминатиов период има здравствени проблеми.

-Секој знае како работи. Тој беше силен како играч и сега е силен како тренер. Научив многу од него, го освоивме Скудето, нешто фантастично што никогаш нема да го заборавам. Сега имаме многу натпревари во Премиер лигата, ќе дадеме сè за да се обидеме да победиме што е можно повеќе, -рече Хрватот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни