Поврзете се со нас

Македонија

Пелистерци претрпеа тежок пораз на отворањето на турнирот во Добој

Објавено

на

Еурофарм Пелистер како нов македонски шампион доби шанса да учествува на престижниот турнир во регионот, но стартот во Добој не беше баш добар за нашиот актуелен првак.

Битолчани имаа нависитна тешка задача ан стартот на најстариот турнир на Балканот и за противник го имаа египетскиот шампион, кој покажа дека во моментов е за неколку класи посилен тим.

Ал Ахли триумфираше со 34:23 и резултатот најдобро ја отсликува разликата која ја имаа тимовите во двата правци, бидејќи египетскиот тим ретко грешеше и ги користеше своите шанси, а македонскиот претставник правеше многу технички грешки.

Египќаните делуваа сурово на теренот и имаа одговор за секој подарок од противникот, па со убедлива победа го отворија турнирот на шампионите во Добој.

За Пелистер следат уште два натпревари во групната фаза, првиот е оној против Слобода, а оваа фаза ќе ја заврши со дуел со Монпелје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни