Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го преслуша Гостивар и ја потврди првата позиција

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер покажаа сила, квалитет, знаење и му одржаа лекција на Гостивар (81-64) во вечерашната средба во првата македонска лига.

Гостите од Битола го надиграа домаќинот во сите четвртини, односно избраниците на Илиевски од период во период ја градеа предноста за да на крајот завршат со плус 15. Со ова Пелистер ја потврди позицијата број еден во регуларниот дел од сезоната во Првата лига.

Малешевиќ и Кесар заедно искомбинираа 37 поени, репрезентативецот Ѓуроски додаде 16 кошеви.

Кај Гостивар, новајлијата Гетлинг се претстави пред публиката во „Младост“ со 18.поени, 7. скока и 4. асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни