Поврзете се со нас

Светски првенства

Пеле се јави и го честиташе успехот на Аргентина, не заборави да го спомене и Марадона (ФОТО)

Објавено

на

Големиот Пеле има здравствени проблеми, но без разлика на тоа тој внимателно го испрати Светското првенство кое на крајот заврши со триумф на Аргентина.

Аргентинците во последниот меч на турнирот беа подобри од Франција и на тој начин го вратија пехарот во Јужна Америка. Од 2006 година титулата беше во Европа (Италија, Шпанија, Германија, Франција), ама сега до следниот Мундијал ќе биде на другата страна на светот и тоа во Аргентина.

Бразилците и Аргентинците е познато дека имаат големо ривалство, ама тоа не му пречеше на Пеле да испрати честитка, порака до четата на Скалони, Меси, а не заборави да го спомени и големиот Диего Армандо Марадона.

-Денес фудбалот продолжува да ја раскажува својата приказна, како и секогаш на воодушевувачки начин. Меси го освои својот прв Мундијал, како што заслужи неговата траекторија. Мојот драг пријател, Мбапе, постигна четири гола во едно финале. Каков подарок беше да се гледа овој спектакл за иднината на нашиот спорт. И не можем да не му честитам на Мароко за неверојатната кампања. Прекрасно е да се види како блеска Африка. Честитки Аргентина! Сигурно Диего сега се смее, -порача Пеле кој е меѓу најголемите имиња во историјата на овој спорт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни