Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Панов со 6 црвени, а Величковски со јуниорски пехар во снукер

Објавено

на

Овој викенд на програмата од снукер календарот на Националното првенство во снукер беа турнирите во 6 црвени и јуниорскиот турнир. Снукер салата на Гранклуб беше стандардно местото во кое се одиграа двата насатани во организација на Снукер Федерацијата.

Најпрво во турнирот 6 црвени кој е скратен и забрзан формат на снукер мечевите, а е на програмата и на континенталните собири и на професионалната тура, Петар Панов ја прекина низата на изгубени финалиња со Берат Јашари и успеа да извои победа со 3 спрема 1 и да го подигне пехарот. Владо Матоски и Александар Ставриќ завршија како 3то пласирани.

Инаку Берат во групната фаза влезе како втор вогрупа по изненадувачкиот пораз од Димитар Ивтимов, што му наметна тешкаа задача во 1/ 4 финалето да се судри со еден од фаворитите , Павле Данилов. Актуелниот шампион извои победа со 3 спрема 1, но заедно со триумфот над Алксандар Ставраќ со идентичен резултат некако влезе изморен во голмото финале. Инаку Берат имаше највисок брејк на турнирот од 49 поени на овој меч и му фалеше една топка за half cenery , што би било највисок официјалн брејк на 6црвени турнирите.

Петар Панов, убедлив во групната фаза, и единствено Лукревски успеа да му земе еден фрејм во 1/4 финалето. Во поуфналето некако неочекувано лесно против Матоски влезе во финалето. Прсуден фрејм по сите познавачи на снукерот беше 3тиот фрејм при рзултат од 1 спрема 1 во фрејмови , и сигурно водство на Јашари , Панов внимателно ги дочека обоените и повредни топки и во низа поентирајќи ја „исчисти„ масата и го украде фрејмот од неговиот противник.

На Националното првенство за натпреварувачи до 18години исто така се случи едно своевидно изненадување. И тоа во првиот меч на јуниорскиот шампион во снукер од 2022год, кој на крајот испадна дека е пресуден, Андреј Ѓурчиновски кој повторно ја имаше фаворитската улога, наиде на неверојатно расположениот Марко Величковски и во еден исклучително атрактивен меч Марко со одличени брејкови и конкретна дефанзивна игра успеа да го нанесе единствениот пораз на Андреј.

Останатите мечеви и двајцата успеа да ги победат и на крајот М. Величковски со 100% учинок, сосема заслужено го доби приматот најдобар снукер јуниор на Македонија за 2023год. Инаку сите натпреварувачи на јуниорскиот турнир не ја надминуваат границата од 16год што доволно говори дека во оваа категорија има потенцијал и време за уште поголеми успеси кој може да се валоризираат и на меѓународните снукер настапи на нашите снукер јуниори. 3то место припадна на помладиот брат на Марко, Теодор, а по него следуваше Стефан Запров.

До крајот на натпреварувачката сезона преостанува последниот турнир од Националното првенство, и последното коло од Балканската Снукер Лига кое ќе се одржи во Босна, како и големиот Балкански отворен турнир во Софија, каде би требало да настапат нашите најдобри снукер играчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни