Поврзете се со нас

Репрезентација

Пандев со завршна порака до фудбалерите по историскиот бараж за СП (Фото)

Објавено

на

Горан Пандев не ги заборави своите доскорашни соиграчи на кои им беше капитен долги години, па така имаше порака за крај на овој незаборавен квалификациски циклус кој за жал остана без пласман на Светското првенство.

Пандев беше дел од тимот кој ги започна квалификациите за мундијалот и одигра важна улога во историската победа над Германија, но по крајот на Европското првенство, реши да се повлече од селекцијта и да им остави простор на помладите.

Димитриевски, Алиоски, Муслиу, Адеми, Барди, Елмас, Трајковски и останатите одлично продолжија по патот и го освоија второто место во групата, но за жал, ждрепката ни донесе пеколен бараж.

Македонија направи голем подвиг и го совлада актуелниот европски првак Италија на негов терен во Палермо, но вчера во Португалија загубивме со 2:0 и сонот за Светско првенство не стана јаве. Пандев им даваше поддршка на фудбалерите пред натпреварите со Италија и Португалија, а сега за крај ја напиша следната порака.

– Херои, Македонија е горда на вас, – порача Гоче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни