Поврзете се со нас

Македонија

Османи презема одговорност и си замина од Шкендија: Секогаш може подобро

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkendija

Ќатип Османи прифати одново да ја води Шкендија по лошиот старт на сезоната и минатиот септември ја започна својата четврта етапа во клубот, но по завршувањето на актуелната сезона, искусниот стручњак реши да си поднесе оставка.

Шкендија го прифати барањето на најуспешниот тренер во историјата на клубот и ја потврди веста за разделбата, која доаѓа откако Шкендија не ги оправда очекувањата оваа сезона.

„Црвено-црните“ беа надвор од шампионската битка речиси цела натпреварувачка сезона, па Ќато реши да си оди бидејќи тимот заврши на третото место.

– Мислам дека секогаш може подобро. Но, она што е поважно во овој момент е тоа дека ова беше последен натпревар за мене како тренер на Шкендија.

– Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката што ја имав оваа година, почнувајќи од економите, медицинскиот персонал, техничкиот персонал, раководството, јавноста, „Балистите“ и можеби уште поважно од компанијата „Еколог“ која со години континуирано инвестира во овој тим и во изградбата на европски клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни