Поврзете се со нас

Англија

Оригинално видео: Реакцијата на Фергусон кога виде свој банер на трибината на „Олд Трафорд“

Објавено

на

Сер Алекс Фергусон денеска полни точно 80 години и прославува навистина убав јубилеј, а по тој повод, од рано утрово добива безброј искрени честитки од своите фудбалски пријатели, колеги и фудбалери.

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед влезе во деветтата деценија во животот и тоа е навистина позитивна вест ако се знае дека преживеа и мозочен удар, а дека се чувствува фантастично најдобар доказ е тоа што е присутен на „Олд Трафорд“ на секој натпревар на Јунајтед.

Пред вчерашниот меч меѓу Јунајтед и Барнли, домашните навивачи му посветија роденденски банер на Ферги по повод неговиот јубилеј кој се слави денеска, а навистина оригинална беше реакцијата на Шкотланѓанецот.

Фергусон не остана рамнодушен од гестот на навивачите кои никогаш нема да го заборават својот најуспешен менаџер, па го сними моментот со својот мобилен телефон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни