Поврзете се со нас

Македонија

Охрид си поигра со Скопје, младите „пелистерци“ ставија крај на црната серија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Екипата на ГРК Охрид оствари убедлива победа над Скопје 2020 од 41-25 во средбата од 7. коло во Суперлигата.

Охриѓани важеа за фаворити и тоа го оправдаа со играта во салата „Билјанини извори“ каде првиот дел го добија со 19-13, додека во вторите 30 минути беа уште порасположени за игра и го докусурија скопскиот ривал.

Цицар со осум погодоци ја предводеше листата на стрелци кај победникот, додека Мишевски и Митиќ реализирааа по шест гола кај поразените.

Еурофарм Пелистер 2 ја прекина серијата од четири порази во низа и тоа во дуелот со Куманово кој заврши со резултат 38:29.

Ова за битолчани е второ славје во кампањата и истото го одбележа Мирчески со осум погодоци. Во поразениот табор листата на стрелци беше предводена од Дарио Симоноски со седум реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни