Поврзете се со нас

Англија

Офанзива на „црвените“: Ливерпул отпочна преговори за наследникот на Клоп

Објавено

на

Foto:twitter.com/Feyenoord

Ливерпул го издвои Арне Слот како идеален кандидат за наследник на Јирген Клоп и се откажа од Рубен Аморим, бидејќи клубот од „Енфилд Роуд“ смета дека Холанѓанецот е вистински профил на тренер кој може да го преземе кормилото од германскиот стручњак.

Слот импресионира со начинот на кој го води Феенорд и великанот од Ротердам пред неколку дена ја освои титулата во Купот, а не треба да се заборави дека тимот на Арне минатата година беше и холандски шампион.

45-годишниот Холанѓанец се покажа како добар тактичар и психолог, а најновите вести од Англија велат дека Ливерпул веќе ги отпочнал преговорите со Феенорд и прогнозата е навистина добра.

Иако била одбиена првата понуда од 9 милиони евра, двете страни се на иста бранова должина и претпоставка е дека брзо ќе се постигне договор, кој на крајот би можел да се склучи за околу 12 милиони евра.

Феенорд смета дека тоа е коректна отштета за тренерот кој донесе големи успеси на „Де Кујп“, особено поради тоа немаат намера да му ја затворат вратата во обидот да продолжи да се надградува како стручњак во европската фудбалска елита.

„Би-Би-Си“ информира дека Слот дал зелено светло за продолжување на преговорите меѓу двете страни, па претпоставка е дека договор ќе биде постигнат најдоцна до крајот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни