Поврзете се со нас

Шпанија

Одредени стартните постави за големото финале: Анчелоти направи две измени, Чави само една (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/rfef

На нешто повеќе од еден час пред почетокот на големото финале во Ријад, Карло Анчелоти и Чави Ернандес ги отворија картите за новата „Ел Класико“ пресметка, втора од стартот на оваа натпреварувачка сезона.

Во реприза на минатогодишното финале во Саудиска Арабија, Барселона ќе се обиде да ја одбрани титулата против вечниот ривал, но според формата, Реал влегува како благ фаворит на овој дуел.

Сепак, кога се „Ел Класико“ дуелите во прашање, ништо не може да се претпостави и ниту една прогноза не се покажа како точна, па на крајот сигурно ќе пресудат ситните детали и мотивацијата со која ќе настапат двете екипи.

Карло Анчелоти реши да им верува на најголем дел од играчите кои истрчаа во полуфиналето со Атлетико Мадрид и направи две измени, од кои посебно впечатлива е онаа на голот.

Италијанецот му даде предност на Украинецот Лунин пред Кепа, па со тоа јасно стави до знаење дека не бил сосема задоволен од изданието на Шпанецот против Атлетико. Втората измена е во средниот ред, а место во стартниот тим доби Тони Крос на сметка на Лука Модриќ.

Од спротивната страна, Чави направи само една измена од полуфиналето со Осасуна, па повредениот Рафиња е заменет од повратникот Педри.

Стартни постави:

Реал Мадрид: Лунин, Карвахал, Ридигер, Начо, Менди, Чуамени, Крос, Валверде, Белингам, Родриго и Винисиус

Барселона: Ињаки Пења, Араухо, Кунде, Кристенсен, Балде, Гундоган, Де Јонг, Серхи Роберто, Педри, Феран и Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни