Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите запрени од Финска во полуфиналето на Европската сребрена лига

Објавено

на

Македонската сениорска одбојкарска репрезентација доживеа пораз од Финска од 3-1 во полуфиналето од завршниот турнир од Европската сребрена лига што се игра во Унгарија.

Нашиот национален тим се прикажа во добро светло во првите два сета во кои рамноправно се бореше за секој поен и резултатот на семафорот беше 1-1 (22-25, 25-20). Меѓутоа во продолжението Финците кои го имаа статусот на фаворити покажаа повеќе, беа поконретни и знаеја како да ја искористат секоја наша грешка за 28-18  и 25-16 за пласман во финалето во кое ќе се соочи со подобриот од Романија-Унгарија.

Капитенот Ѓоргиев со 23 поен беше најдобар наш поединец, кај победникот се издвои Никула со 17 поени.

Утре црвено-жолтите ќе се борат за третата позиција и тоа со поразениот од второто полуфинале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни