Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите ќе играат на завршниот турнир во Европската сребрена лига

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација обезбеди пласман на завршниот турнир во Европската сребрена лига кој од 18 до 19 јуни ќе се одигра во Унгарија.

Нашиот национален тим вчера од одработи своето против Босна и Херцеговина во Тузла (3-0), па денеска очекуваше услуга, позитивен резултат на Романците против селекцијата на Албанија. Тоа се случи, домаќините го потврдија статусот на фаворити и со 3-0 (25-18, 25-19 и 25-22) го решија нашиот западен сосед за потврда на првото место во групата Б.

Ова значи дека Македонија и Романија одат на мегдан против Финска и Унгарија во Будимпешта. Победникот ќе обезбеди место во Европската златна лига како и награда од 50.000 евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни