Одбојка
Одбојкарите брзо го завршија настапот на Медитеранските игри

Најсилната машка одбојкарска селекција не е во најдобра форма, па по крајот на настапите во Сребрената лига, брзо го заврши своето учество на Медитеранските игри.
Одбојкарската репрезентација во машка конкуренција е една од селекциите кои ги испративме во Оран, но настапот во оваа конкуренција го завршуваме по само два меча.
По поразот од Египет, денеска следеше уште еден неуспех, кој секако беше и очекуван ако се знае каков противник имавме од спротивната страна на мрежата.
Италијанците ја оправдаа фавористската улога и славеа со убедливи 3:0, со тоа што нашите „спартанци“ најсилниот отпор го дадоа во третиот сет.
Првите два ги загубивме со 25:19 и 25:16, додека во последниот стигнавме до 23 поени и мечот заврши со конечни 25:23.
-
Англијапред 22 часа
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Англијапред 24 часа
Челси договори засилување од редовите на Интер
-
Шпанијапред 7 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 6 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Формула 1пред 6 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Англијапред 9 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 7 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Шпанијапред 18 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците