Поврзете се со нас

Свет

Од слабо и ситно момче, до вистински „ѕвер“: Озил продолжува да шокира со својата страшна трансформација (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/m10_official

Месут Озил стана вирален хит минатиот месец со објавата која ја имаше на социјалните мрежи, преку која долови дека забележал страшна трансформација во последните 12 месеци, или од моментот кога се пензионирал.

Турчинот со германскиот пасош важеше за фудбалер кој не беше баш физички подготвен и најчесто не можеше да одговори на цел меч под највисоко темпо, но сликата за него изгледа далеку поинаква во овој момент.

Слабиот Озил е вистинско минато и голем доказ за тоа се видеата кои им ги споделува на фановите, кои пак почнаа да се прашуваат дали Месут се подготвува за настап во кечери.

Мускулната маса која ја има добиено Месут прави поранешниот играч за врска да биде непрепознатлив, особено за оние кои се сеќаваат на него како ситно и слабо момче.

Озил има 35 години и очигледно на оваа возраст си пронајде нова преокупација кога има слободно време, а додека фановите се чудат, Роналдо беше еден од првите кои му честиташе за страшната трансформација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни