Поврзете се со нас

Македонија

Ново име во Битола: Беше европски шампион со Вардар, сега ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер се уште го нема кажано последниот збор кога се во прашање засилувањата за сезоната 2023/2024, па така најновата аквизиција на популарните „фармацевтите“ е некогашниот член на Вардар, Калифа Гедбан.

Тој беше дел од шампионската генерација на „црвено-црните“ која стана европски шампион по што преку Адемар Леон и Динамо Букурешт одново се враќа во Македонија, но во Пелистер со кого потпиша едногодишен договор со опција за уште една ако двете страни се задоволни од соработката.

Алжирецот заедно со Урбан Лесјак и Марко Кизиќ треба да донесат сигурност, одбрани на голот на клубот од Битола.

Калифа е шесто засилување, претходно беа обезбедени Цехте, Борзаш, Нилсен, Петровиќ и Ѓорговски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни