Поврзете се со нас

Балкан

Нови потресни вести од регионот: Таткото на Милојевиќ почина десет дена по погребот на својот син

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/warriors

Кошарска Србија и Америка со големата тага и емоции ја проследи страшната и неочекувана вест за смртта на Дејан Милојевиќ, легендарниот играч кој подоцна стана и извонреден тренер.

Помошникот на Голден Стејт почина како последица на срцев удар на 17-ти јануари, но беше погребан во својата родна Србија на 12-ти февруари и дел од емотивниот настан беше цело негово поблиско семејство, но и големи кошаркарски легенди.

За жал, точно десет дена по неговиот погреб пристигнува уште една потресна вест од регионот, бидејќи денеска починал таткот на Дејан, Милан Милојевиќ.

Милан и претходно имал проблеми со срцето и бил присутен на погребот на својот син, но очигледно стресот и големата тага си го направија своето, па денеска исто така починал од инфаркт.

Како што информираат српските медиуми, таткото на Дејан бил примен во болница поради нарушено здравје, па иако првично бил стабилизиран, подоцна повторно му се слошило и лекарите ја загубиле битката за неговиот живот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни