Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нова драма во Келн: Магдебург по две децении повторно е најдобар клуб во Европа

Објавено

на

Германскиот прволигаш Магдебург е новиот крал на ракометна Европа и тоа откако вечерва во Келн по нова драма успеа да биде подобар од Кјелце со 30-29, резултат по дополнителните минути затоа што основниот дел заврши со 26-26.

Голема борба се водеше во финалето, првата фаза мина во знакот на Магдебург, потоа дојдоа минутите на Кјелце кој го презема водството и со плус два замина на пауза (15-13).

Полскиот тим имаше контрола на резултатот, играта и по одморот и во еден момент водеше и со плус четири, меѓутоа упорниот Магдебург не се предавеше, притискаше и како што одминуваше времето беше се подобар и на крајот се дојде до реми и продолженија.

Во истите беше многу тесно, одлучуваа нијасни кои беа на страна на бундеслигашот за пехар, враќање на тронот во своите витрини по пауза од повеќе од две децении (2002).

Смитс со осум гола беше прв стрелец кај Магдебург, додека исто толку за Кјелце даде Алекс Душебајев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни