Поврзете се со нас

Англија

Нов клупски рекорд: Њукасл носи супер засилување од Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

Премиерлигашот Њукасл веќе некое време има нови сопственци и многумина очекуваа клубот да биде супер активен на пазарот, да направи вистински бум, но тимот од северот на Англија беше мирен досега кога се во прашање големите трансфери.

Меѓутоа тоа ќе се промени ако се потврдат најновите најави за трансферот на ѕвездата на Реал Сосиедад, Александер Исак. Имено големо број на познати медиуми пренесуваат дека Њукасл е на чекор од ангажман на еден од најдобрите напаѓачи во Примера.

Личните услови се веќе договорени и останува сега клубовите да ја затворат зделката која ќе изнесува околу 60 милиони фунти што ќе биде рекорд за тимот од „Сент Џејмс Парк“, но и за Сосиедад кој досега нема продадено играч за оваа сума на пари.

Исак има 22 години и уште може да напредува. Има дадено 44 голови на 132 средби за клубот од Баскија, а во минатото го споредуваа со Златан Ибрахимовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни