Поврзете се со нас

Европски првенства

Нојер нема убави спомeни од Мбапе оваа сезона: Се уште размислувам за тоа

Објавено

на

Утре на програмата на Европското првенство е дерби пресметката од целата групна фаза во која ќе се соочат селекциите на Германија и Франција.

Натпреварот ќе започне со почеток од 21:00 часот и со сигурност ќе го привлече најголемото внимание досега на континенталниот собир.

Една од легендите на германскиот фудбал, Мануел Нојер, кој се очекува да биде меѓу стативите, истакна дека се уште размислува за натпреварот кој со Баерн Минхен го одигра против ПСЖ каде главна алка беше Килијан Мбапе кој утре сигурно ќе му прави проблеми во Минхен.

– Тешко е да се зборува за Мбапе затоа што мојот тим, Баерн Минхен загуби во Лигата на шампионите од неговиот, ПСЖ, а тој според мене беше одлучувачки играч во двомечот. Гу победивме сезона пред тоа во финалето и го запревме него, така што доста размислувам и на двете средби. Го ценам и како играч и како личност, но не е само тој во репрезентацијата, имаат уште многу квалитетни фудбалери. Меѓутоа, Мбапе е најголема опасност, многу го почитувам и се надевам дека и тој ме почитува мене, -изјави Нојер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни