Поврзете се со нас

Американски спортови

НХЛ голман го загубил животот во несреќен случај

Објавено

на

НХЛ клубот Колумбус објави дека голманот Матис Кивлениекс им подлегнал на повредите кои ги заработил во несреќен случај.

Летонскиот голман имал само 24 години, а првичните информации беа дека се лизнал за време на забава во Детроит и удрил со главата во бетонската подлога.

Сепак, по аутопсијата било утврдено дека хокеарот починал од повредите кои ги заработил од експлодирани пиротехнички средства на неговите гради.

Лекарскиот тим кој пристигнал на местото, не успеал да го спаси животот на Кивлениекс.

Кивлениекс потпиша за Колумбус уште во 2017 година, но досега имаше осум настапи во НХЛ.

Бранеше на неодамнешното Светско првенство во хокеј на мраз, каде летонскиот селектор сметаше на неговите услуги на четири натпревари, вклучувајќи ја и историската победа над Канада.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни