Поврзете се со нас

Италија

Невозможна мисија: Димарко се обидуваше да се качи на гредата, соиграчите паѓаа од смеа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter_en

Шампионската прослава на Интер донесе многу интересни моменти и урнебесни ситуации, а еден од најеуфоричните беше играчот кој од мали нозе навива за клубот од „Џузепе Меаца“.

Федерико Димарко од најмали нозе навива за Интер и веќе откри како му било чувството кога доаѓал да го бодри својот омилен тим против Милан, но судбината посака првата титула во Серија А да ја освои токму против „росонерите“.

Левиот бек на Интер одигра спектакуларна сезона и беше незаменлив во системот на Симоне Инѕаги, а во меѓувреме стана хит поради задачата која си ја зададе веднаш по крајот на мечот со Милан.

Димарко се обидуваше да го имитира Лаутаро Мартинез и да се качи на гредата при шампионското славје, но доживеа вистинска голгота додека да стигне до врвот.

Дефанзивецот добиваше помош од Барела, но неговиоте неуспешни обиди ги изнасмеаја соиграчите, па на крајот мораше самиот да се снаоѓа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни