Поврзете се со нас

Англија

Невил и Карагер ги избраа најдобрите 11 по првиот дел од сезоната во Премиер лигата (Фото)

Објавено

на

Гери Невил и Џејми Карагер традиционално имаат спротивставени мислења за случувањата во Премиер лигата, но кога дојде време да се бираат најдобрите 11 во првиот дел од сезоната, двајцата избраа доста слични играчи.

Легендите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул избраа осум исти фудбалери во нивните најдобри тимови во првиот дел од сезоната, а тоа се Арнолд, Салиба, Ван ДАјк, Удоги, Рајс, Салах, Боуен и Сон.

Гери и Џејми се одлучија за идентична постава во последната четворка, но се одлучија за различна формација поради изборот на играчите во средината и нападот.

Карагер му даде предност на голот на Викарио кој блеска во Тотенхем, додека Невил го избра голманот на Ливерпул, Алисон Бекер.

Нивните избори се разликуваа и во средниот ред, каде Карагер ги избра Бернардо Силва и Палмер, а Невил предност им даде на Родри, како и Халанд како најистурен во нападот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни