Поврзете се со нас

АБА лига

Неверојатен пресврт: Пантер ја одби Барселона и потпиша нов договор со Партизан!

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Пред два дена на полноќ, сите српски медиуми со жалење ја пренесоа ексклузивата на „Еурохупс“ за договорена соработка меѓу Кевин Пантер и Барселона, но кога сите очекуваат збогување од капитенот на „црно-белите“, ова претпладне стигна една супер вест.

Имено, во последните 24 часа се случил огромен и неверојатен пресврт и Пантер седнал на маса со водечките луѓе на Партизан, кои го убедиле Американецот дека тој и натаму е вистинскиот човек за водење на амбициозниот проект.

Ова е фантастична вест за тренерот Жељко Обрадовиќ кој сега ќе може да го гради тимот врз својот најдобар кошаркар, но еуфоријата посебно владее меѓу „Гробарите“.

Навивачите на Партизан со огромно задоволство ја примија вест за останувањето на најголемата ѕвезда, која сепак реши да остане во тимот и покрај примамливата понуда од Барселона која вредеше 6 милиони евра.

Пантер на крајот не го направи истиот чекор како Матијас Лесор, кој вчера и официјално се збогуваше со Партизан и замина во Панатинаикос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни