Поврзете се со нас

Шпанија

Непријавеното засилување на Барселона се појави на тренингот: Видете кој е тука…… (Видео)

Објавено

на

Барселона имаше доста напорна работа како клуб доцна во ноќта од последниот ден од летниот преоден рок, па директорите имаа полни раце работа и неколку часа по полноќ.

Каталонскиот гигант со мало задоцнување објави дека е потврден ангажманот на Ектор Белерин и комплетирано заминувањето на Пјер Емерик Обамејанг во Челси, додека до овој момент, се уште нема официјално соопштение за третата и последна операција.

Барселона ризикуваше да остане без Маркос Алонсо како летно засилување, но такво сценарио и дефинитивно нема да се случи, бидејќи шпанскиот репрезентативец си осигурал раскин на договорот со Челси пред да замине од Лондон.

Тоа значи дека во Барса ќе потпише како слободен агент, па иако договорот се уште не е парафиран и Барса нема никаква објава дека тој е нов фудбалер, левиот бек веќе тренираше со првиот тим кој го предводи Чави.

– Погледнете кој е тука…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни