Поврзете се со нас

Германија

Не е само Тухел: Уште еден клуб отпушти цел стручен штаб по првиот пораз во ЛШ (Фото)

Објавено

на

Фудбалот е игра во која често во фокусот се наоѓаат убавината на натпреварите, напорната работа и техничките квалитети, но сепак движечка сила на овој спорт се резултатите кои ги остварува еден колектив.

Кога тие не одат во посакуван правец, прв на удар секогаш се наоѓа тренерот, а доказ за тоа добивме уште по првиот натпреварувачки ден во новата сезона во Лигата на шампионите.

Челси со шокантно и неочекувано соопштение му врачи отказ на Томас Тухел, но Германецот не е единствената тренерска жртва по вчерашните средби во Европа.

Поразот од 1:4 на домашен терен од Шахтјор значеше крај и за Доменико Тедеско во Ред Бул Лајпциг, но и за цел негов стручен штаб кој си оди после неполни 10 месеци во клубот.

– РБ Лајпциг го ослободува од функција главниот тренер Доменико Тедеско. Од должност ќе бидат разрешени и помошниците Андреас Хинкел и Макс Урванцки. РБ Лајпциг ќе обезбеди навремени информации за ангажман на наследник.

Германскиот тим имаше добра втора полусезона со Тедеско и избори место во Лигата на шампионите, но новата ја почна на ужасен начин во Бундеслигата со една победа во пет кола. На крајот, му пресуди високиот пораз од Шахтјор, но позицијата му беше доведена во прашање уште по викенд мечот со Ајнтрахт на кој загуби со 4:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни