Поврзете се со нас

НБА

НБА отвори истрага против браќата на Јокиќ, податоци собира и американската полиција (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ доминира во НБА лигата и вчера одигра фантастична партија против Лос Анџелес Лејкерс, но тензијата на трибините за жал донела и една непријатна ситуација од која дел биле браќата на српската ѕвезда.

Страхиња и Немања Јокиќ и во минатото знаеја да се најдат во центарот на вниманието поради провокации и не баш примерни ситуации, но овојпат првиот ја преминал границата и жестоко удрил еден фан на трибините.

Видеото стана вирално речиси 24 часа по одигрувањето на мечот, а сега угледните американски медиуми откриваат дека инволвирани во инцидентот се и НБА лигата, но и полицијата.

НБА лигата отворила истрага против браќата на Јокиќ и интерно ќе го расчисти целиот случај, по што се очекува да донесе одлука за нивни идни присуства на натпреварите на кои игра нивниот брат.

Како што информира „ТМЗ Спортс“, информациите собира и полицијата, која се обидува да го идентификува лицето кое добило удар во главата, а истовремено бара сведоците да се јават во најблиската станица и да расчистат што точно се случило во „Бол Арената“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни