Балкан
Навивачите на Ријека со порака за Ристовски: Те чека пекол (Фото)

Оваа недела на програмата е големото хрватско дерби меѓу Ријека и Динамо, а навивачите почнаа со увертирите за пресметката уште неколку дена порано.
Великанот од Загреб не е во најдобра форма и бележи катастрофални резултати во последно време, па целта на Ријека ќе биде да им ја продлабочи кризата и да ги остави на дистанца.
Тимот од „Рујевица“ стадионот е второпласиран на табелата во Првата хрватска фудбалска лига, но за оваа недела посебно мотивирани се и навивачите кои во противничкиот табор гледаат двајца „предавници“.
Стефан Ристовски беше дел од Ријека во историската сезона кога беше освоена двојната круна, но откако направи трансфер во Спортинг, потоа се врати во Хрватска во лутиот ривал Динамо.
Македонскиот дефанзивец сепак не беше единствениот кој доби порака од улиците во Ријека, бидејќи навивачката група Армада го прозва и доскорешниот тренерн Јакировиќ кој исто така заврши во Загреб.
– Јакир и Ристовски, ве чека пекол, – гласи пораката од навивачката група Армада.

Фото: index.hr
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 15 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 14 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари