Поврзете се со нас

Англија

Навивач доби жестока казна за навреда на фудбалер на социјална мрежа

Објавено

на

Foto:twitter.com/BrentfordFC

Фудбалски фан кој го навредувал Ајван Тони на социјалните мрежи доби казна која ќе го спречи долг период да присуствува на некој фудбалски стадион.

24-годишниот Ентонио Нил решил да го навредува напаѓачот на Брентфорд на расна основа, а откако полицијата го идентификувала, обвинителството побарало строга казна како дел од обидите на британската влада да ги намали расистичките испади на социјалните мрежи.

Казната за обвинетиот е тригодишна забрана за присуство на сите стадиони на британска територија, а одлуката е важна бидејќи е прва базирана на новиот закон донесен минатата година.

Покрај домашните натпревари, Нил нема да може да следи фудбалски натпревари ниту во странство.

Нил го признал делото во Судот во Њукасл, а добил и условна затворска казна од четири месеци, која може да биде активирана наредните две години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни