Поврзете се со нас

Репрезентација

Насловната страна на „Марка“ со македонско знаме и оригинална порака: Убиецот на џинови му се заканува на Роналдо! (Фото)

Објавено

на

Угледната „Марка“ не штедеше комплименти за македонската фудбалска репрезентација во изминатите неколку дена и на големо го истакна огромниот триумф остварен над европскиот првак Италија, но сега пред еден од најважните натпревари во нашата историја, ни посвети и насловна страна.

Најтиражниот весник во шпанската престолнина ова утро ја објави насловната страна и преку своето електронско издание, а на истата е нацртано македонското знаме и е испратена оригинална порака.

Македонија вечерва ќе брка нов голем фудбалски резултат на гостувањето на „Драгао“, каде повеќе од јасно е дека најголема опасност за нашата одбрана ќе биде великанот Кристијано Роналдо.

Според многумина, Светското првенство во Катар ќе претстатвува последна шанса за Португалецот да стигне до толку посакуваната титула од мундијалот, а целта на Македонија е да го остави без него и да го елиминира во бараж финалето.

– Убиецот на џинови му се заканува на Кристијано Роналдо, – гласи насловната страна на „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни