Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Наполи победи, Спалети предупредува: Ароганцијата е најголем непријател

Објавено

на

Наполи заслужено го победи Ајнтрахт на гостински терен и ќе го дочека реваншот со предност од два гола.

Тренерот Лучијано Спалети изрази задоволство од резултатот, но испрати и предупредување до Елмас и неговите соиграчи.

– Се уште мислам дека шансите се 50:50, бидејќи еден инцидент може да го трансформира натпреварот.

– Мора да бидеме сериозни, бидејќи ако влеземе во мечот убедени дека се е решено, може да се соочиме со неочекувани проблеми.

– Ароганцијата е наш најголем непријател, покажавме дека заслужуваме да бидеме овде, но треба тоа да го потврдиме на реваншот, – изјавил Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни