Поврзете се со нас

Италија

Наполи чекор поблиску до наследникот на Ким

Објавено

на

Италијанскиот шампион Наполи ќе остане без услугите на Ким Мин-Јае кој се сели во Баерн Минхен, па мора да најде соодветна замена за него.

Калчолигашот се реши да се фокусира на азискиот пазар или поточно да донесе квалитетен играч од тој дел од светот, а изборот падна на Ко Итакура кој е член на Борусија Менхенгладбах. Итакура веќе неколку години настапува во Европа, во последниве е во Германија каде го привлече вниманието со своите настапи.

Според „Скај Спорт Германија“, Менхенгладбах бара околу 15 милиони евра, додека Наполи се надева дека зделката може да биде комплетирана за 12 милиони евра, но се очекува да се најде заеднички јазик.

Итакура е репрезентативец на Јапонија, па претседателот Аурелиот Де Лаурентис се надева дека со неговиот ангажман Наполи ќе продолжи да биде силен во одбраната, ќе биде топ замена за Ким, а во исто време ќе донесе поени на азискиот пазар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни