Поврзете се со нас

Европски купови

Нант и Лазаров ја остварија третата победа во Лига Европа

Објавено

на

Кире Лазаров и неговите соиграчи од Нант славеа на гостувањето кај Чеховски Медведи, забележувајќи ја третата победа во групната фаза на ракометната Лига на Европа.

Францускиот состав одлично се снајде на гостински терен во Русија и уште на полувреме имаше резултат 10:15, кој ја најави успешната епизода во европското натпреварување за Нант.

Чеховски Медведи намали на два негатива во вториот дел, но Нант го неутрализираше отпорот на домаќините и во еден момент стигна на плус седум, што беше потврда за триумф.

Лазаров постигнал 2 гола на оваа средба, а најефикасни биле Ривера со 6 и Брие со 5 голови.

Нант со три победи е на второто место во групата, но има ист број бодови колку и ГОГ и Бенфика кои се на првото и третото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни