Балкан
Најава за кошаркарска „бомба“: Звезда со богата понуда го „лови“ Миротиќ

Никола Миротиќ треба да постигне договор со Барселона за прекин на соработката, но повеќе од јасно е дека тоа ќе се случи или само прашање е на време кога ќе се затвори овој дел од приказната.
Во меѓувреме доста се шпекулира околу иднината на Црногорецот со шпански пасош, а најновата вест е дека Црвена Звезда води во трката за неговиот потпис.
Грчки „СДНА“ тврди дека сега Звезда е во пол позиција за Миротиќ затоа што нуди три милиони евра по сезона. Со оваа понуда „црвено-белите“ избиваат пред Олимпијакос, тим кој во Никола гледа адекватна замена за Саша Везенков кој премина во Сакраменто Кингс.
Познато е дека Миротиќ е во добри, пријателски односи со Звезда што е уште еден адут кој оди на страната на српскиот шампион. Ако крилниот центар каже „ДА“, поточно ја прифати понудата ќе стане најплатен играч на овие простори дури и ќе го надмине капитенот на Партизан, Кевин Пантер кој заработува преку два милиони евра годишно.
Црногорецот претходно има играно за Реал Мадрид и неколку клубови во НБА лигата како Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс.
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 9 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 14 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ