Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нагелсман му одговори на Мбапе: Ние сигурно нема…

Објавено

на

Баерн Минхен избори триумф над Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ и со тоа направи значаен исчекор кон пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Меѓутоа таа позитива од 1-0 ќе мора да ја потврдат и во Минхен, односно во најмала рака ќе им треба реми за да го добијат овој двомеч. „Светците“ веќе се заканија и порачаа дека во Германија ќе направат се за да дојдат до резултат кој ќе им го продолжи европскиот пат или поточно најконретен беше Килијан Мбапе кој истакна дека противникот е ранлив, па дури и дека тие се фаворити.

Ова секако допре до бундеслигашот кој испрати кратка порака преку тренерот Јулијан Нагелсман.

-Мбапе рече дека можат да нè повредат ако ја имаат топката и играат офанзивно. Исто е и обратно. Ние сигурно нема да се повлечеме во вториот натпревар, -рече Нагесман.

Реваншот е закажан за 8 март на „Алијанц Арена“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни