Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите ремизираа против Црна Гора на вториот тест во Скопје

Објавено

на

Македонската репрезентација до 19 години одигра без победник против Црна Гора (1-1) на вториот контролен меч одигран на тренинг центарот „ Петар Милошевски “.

За разлика од пред два дена кога избраниците на Влатко Гроздановски славеа со 2-0 тоа денеска не се повтори иако бевме во добра позиција одново да се израдуваме против Црногорците. Нашите надежи поведоа со 1-0 со погодокот на Фета во првото полувреме, водство кое го имаа се до 80 минута кога Ѓукановиќ израмни на 1-1, а воедно го постави конечниот резултат.

МАКЕДОНИЈА: 12. Гоце Јовчев, 3. Грегори Давков, 4. Реџепи Самет, 4. Андреј Стојчевски, 6. Ване Крстевски, 7. Бехар Фета, 9. Михаил Талевски, 10. Октај Ракипи, 11. Љупче Кудев, 18 Мартин Талаков, 20 Џемил Јахији;

Резервни фудбалери: 1. Стефан Тасев, 2. Дарио Јовановски, 8. Христијан Јосифовски, 13. Јован Богдановски, 14. Гордијан Христовски, 15. Александар Коцев, 16. Решат Рамадани, 17. Антонио Мирков, 19 Али Али;

Селектор: Влатко Гроздановски;

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни