Поврзете се со нас

Шпанија

Начо самостојно соопшти каде ќе игра наредната сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид ќе има поинаков лик во новата натпреварувачка сезона и нови играчи на неколку позиции, но сепак во составот ќе има и добро познато име како Начо.

Угледните „Марка“ и „АС“ уште по самиот крај на сезоната објавија дека Начо ќе остане во клубот и ќе биде нов капитен на Реал, а сега се јави и самиот фубалер од кампот на шпанската фудбалска репрезентација.

Иако првично не беше повикан за завршниот турнир во Лигата на нации, селекторот Де Ла Фуенте дополнително го селектираше Начо и го вметна во тимот, па од репрезентативниот собир испрати порака за својата иднина.

– Продолжувам во мојот клуб и таму кадешто ме сака моето семејство. Секогаш има понуди од страна, но решив да останам барем уште една година во Реал.

– Задоволен сум од одлуката која ја донесов и таа е конечна. Имам многу голема желба да продолжам да пишувам своја историја во Реал, – вели Начо кој е продукт на младинската школа на „кралевите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни